Уште една успешна приказна во нашиот тим, овој пат за Наталија Секуловска која реши својата кариера да ја продолжи во средното училиште “J. Addison” – едно од најдобрите елитни училишта во Канада, кое успешно ги развива младите таленти во професионални играчи.

Голема благодарност до тебе од сите играчи, тренери и целиот стручен штаб, за твојата работа, борбеност, желба и воедно цел твој придонес за БАДЕЛ 1862, овие изминати години.

Нам ни беше голема чест и задоволство што соработувавме со играч како тебе, а понатаму ти посакуваме уште многу успеси и да продолжиш да блескаш на кошаркарските терени ширум светот!

#badel1862 @jaddisongbb here she comes!!