Денес во Струга се одигра дерби натпреварот од Младинската М18 лига помеѓу екипите на ЖКК
Струга и ЖКК Бадел 1862. Во неизвесен и квалитетен натпревар, победата ја однесоа младите
Баделки со резултат 55:52. Со оваа победа, екипата на ЖКК Бадел 1862 го задржа 100% учинок во
овогодинешната сезона, со што се наметна како прв фаворит за освојување на шампионскиот
пехар.
Победа на Баделки (М18) во дерби натпреварот во Струга
