Овогодинешното издание на WABA U17 лига започнува на 25.10.2020 година. Северна
Македонија ќе биде претставена со 3 екипи: ЖКК Бадел 1862, ЖКК Вардар и ЖКК Крива Паланка.
Нашите претставници во првата фаза од натпреварувањето се во групата Д заедно со екипите на
Приморје од Херцег Нови (Црна Гора) и Будуќност Бемакс од Подгорица (Црна Гора).
Првиот турнир ќе се одржи на 24/25.10.2020 година во Скопје (СРЦ Кале, мала сала), а
натпреварите ќе се одржат во следните термини:
24.10.2020 19:00 ЖКК Вардар – ЖКК Приморје
25.10.2020 12:00 ЖКК Вардар – ЖКК Будуќност Бемакс
25.10.2020 14:30 ЖКК Бадел 1862 – ЖКК Приморје
25.10.2020 17:00 ЖКК Бадел 1862 – ЖКК Будуќност Бемакс